Добредојдовте.
Оваа страница содржи информации за алкохолни пијалаци. Дали имате наполнето 18 години?
Страницата е наменета само за полнолетни лица. Ви благодариме за разбирањето.
La Familia ClubАплицирајте онлајн
Добредојдовте
во фамилијата.
Избрано.
Со внимание.
Виски, вина, жестоки пијалаци, пиво, премиум чоколади и апетисани. Асортиман што го составуваме внимателно, со добра вредност за парите.
Во брзање?
Спремни сме.
Одите на гости или на роденден? Влезете, изберете спакуван подарок и излезете со него во рака.
Прашајте
нѐ.
Кажете ни за поводот и за вкусот. Нашите вработени ги познаваат производите и со задоволство ќе ви помогнат да изберете.
Понуда што
не можете да ја одбиете.
Со La Familia Club картичката избраните производи ги купувате по клуб-цени.
Што ќе најдетекај нас
Сѐ што ви треба за добро друштво, убав подарок или мал момент за себе, на едно место. Изборот го составуваме внимателно, а персоналот со задоволство ќе ви помогне да најдете што барате.
Вино
Од најдоброто од Македонија и регионот до италијански, француски и други винари.
Жестоки пијалаци
Виски, коњак, ракија, вотка, џин, ликери и други категории.
Пиво и безалкохолни
Пиво, енергетски пијалаци, сокови, вода и сѐ за мешање пијалаци.
Пенливи вина
За славења, наздравувања и подароци што се отвораат со звук.
Подароци и аранжмани
Спремни пакети и подароци по мерка, со внимателно пакување.
Премиум кондиторија
Квалитетни чоколади и бонбониери, вклучително и подарочни пакувања.
Апетисани
Премиум грицки, ф’стаци, бадеми, индиски ореви и слични производи.
Додатоци
Чаши, шејкери, вински кутии и други додатоци од актуелната понуда.
Избрано.Препорачано.Спакувано.
За секоја пригода.Од брз подарок на пат кон гости до деловни пакети за цел тим, кај нас ќе најдете решение што одговара на поводот и на буџетот.
Еднафамилија.
Четири прашања што ја објаснуваат La Familia. Приказната започна во Велес, а продолжи во Скопје, Кавадарци и Охрид.
Продолжете надолу
Зошто La Familia?
Сакавме името да носи полна асоцијација на семејството, топлината, посветеноста и грижата. Затоа во суштината на нашата деловна етика е мотото дека сме една фамилија со нашите ценети купувачи, партнери и соработници.
Кои сме ние?
Се грижиме за нашите пријатели како да сме свои меѓу своите. Тоа го покажуваме преку пријатната атмосфера кај нас, дома, преку топлиот однос и вниманието на нашите вработени и преку ценовна политика што води грижа за вашиот паричник, за секогаш да добиете понуда што не можете да ја одбиете.
Што е La Familia?
Нов концепт на премиум продавница, со цени што го почитуваат домашниот буџет. Liquor & Gift Shop со тематско уредување: контрапункт на некои минати времиња, за некого бурни, за некого носталгични, и на модерното доба, со дигитални презентации и известувања за производите во самата продавница.
Што да очекувате?
Внимателно селектирани производи и беспрекорна услуга. Светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, топли и ладни напитоци, селектирани кондиторски производи и внимателно избрани подароци по мерка.

Ве покануваме и вие да станете дел од нашето семејство.
Во брзање?Спремни сме.
За секоја пригода имаме спакувани подароци, подготвени веднаш да ги понесете. Одите на гости, на роденден или на средба? Влезете, изберете и излезете со подарок во рака.
Склопетесвој пакет.
Повлечете ги производите во кутијата, изберете боја на кутијата и машната и напишете порака за картичката. Ние го подготвуваме и пакуваме во продавницата.
Производи
Повлечете во кутијата или допрете за да додадете.
Кутија
Машна
Во кутијата
Производите се по категорија. Конкретниот бренд и цената ги договараме со вас пред пакувањето.
Подароци завашиот тим.
Нова година, Велигден, 8 Март или јубилеј на фирмата. Подготвуваме пакети за вработени, партнери и клиенти, вклучително и новогодишни пакетчиња за возрасни.
Испратете барање
Пригода, број на пакети и оквирен буџет по пакет.
Добивате предлог
Ви предлагаме содржина и пакување според буџетот.
Подготвуваме и пакуваме
Пакетите се спремни за договорениот датум.
Склопете примерок во 3D
Актуелнипонуди
Моменталните акции, клуб-понудите и летокот ги објавуваме тука. Секоја понуда ги покажува редовната цена, клуб-цената и датумот до кој важи.
Како да ја препознаете клуб-понудата
Кај клуб-понудите ги гледате двете цени, редовната и клуб-цената, како и датумот до кој важи понудата. Клуб-цената важи само со La Familia Club картичка.
La FamiliaClub
Понуда што не можете да ја одбиете: со La Familia Club картичката, избраните производи ги купувате по пониски клуб-цени. Аплицирајте онлајн, а картичката подигнете ја во продавница.
- Онлајнапликација за неколку минути
- SMS · Viberизвестување кога картичката е спремна
- 29 ден.еднократно, при подигнување во продавница
Како до картичката
- Аплицирајте онлајнПополнете ја формата и изберете продавница.
- Чекајте поракаВе известуваме по SMS или Viber кога картичката е спремна.
- Подигнете јаВо избраната продавница, со еднократни 29 денари.
- Користете клуб-цениПокажете ја картичката при плаќање.
Посететенѐ.
Пет продавници, една фамилија. Изберете град на мапата за адреса, работно време и насоки.
Имате прашање?Прашајте нѐ.
За подарок, клуб-картичка или производ што го барате, јавете ни се или посетете ја најблиската продавница. Нашиот персонал со задоволство ќе ви помогне.

