Зошто франшизата ја нарековме – La Familia?
Едноставно, затоа што сакавме да создадеме полна асоцијација кон семејството, топлината, посветеноста и грижата.
Затоа што и во есенцијата на нашата деловна етика се водиме од мотото дека ние сме една фамилија, едно семејство со нашите ценети потрошувачи, партнери и соработници.


Ние во La Familia сме како една фамилија.
Ние се грижиме за нашите пријатели како да сме свои меѓу своите. Тоа го покажуваме преку убавата и пријатна атмосфера кај нас, дома; Преку топлиот однос и вниманието што ти го укажуваат нашите вработени; Преку нашата ценовна политика, која што води грижа за твојот паричник, која што внимава за тебе секогаш да добиеш понуда која што не можеш да ја одбиеш...
Те покануваме и Ти да станеш дел од нашето семејство!



La Familia е она што му требаше на пазарот – нов и уникатен концепт на премиум продавница, со цени кои што го почитуваат домашниот буџет.
La Familia е малопродажен објект во форматот на Liquor, Tobacco & Gift Shop, концепт во кој што нудиме фокусирани содржини во портфолиото за поширока потрошувачка публика, со тематско ентериерно уредување, како контарпункт од некои минати времиња – за некога бурни, за некого носталгични; и модерното доба – претставено со воведување на новите трендови и cutting edge технологии во малопродажбата.
Како што се, на пример, дигитални презентации и нотификации за призводите на самото место и уште многу друго што ќе нè одвојува од останатите на понудата на пазарот.



Ние ја воведуваме новата содржина во малопродажбата.
Во La Familia нудиме внимателно селектирани производи и беспрекорна услуга; Ставаме на избор светски топ брендови на алкохолни пијалоци, безалкохолни пијалоци, топли и ладни напитоци, селетирани кондиторски производи, тутунски приозводи, најразлични внимателно избрани и tailor-made подароци, како и други специфични производи и услуги својствени за ваков тип на специјализиран малопродажен објект.


La Familia Web Shop е модерната димензија на нашето семејство. Целокупното наше портфолио ви е на дланка, треба само да одберете, да кликнете и да го ставите во Вашата кошничка. Доставата е наша задача. Така, цела Македонија станува наше, заедничко семејство...


Приказната за нашиот бренд ја почнуваме од центарот на Македонија, од Велес.
Нашата идеја е да отвориме повеќе вакви специјализирани продавници во сите поголеми градови низ државата, во неколку фази. Ако го читате овој текст, тоа значи дека првиот чекор е веќе направен. Фамилијата ќе продолжи да се проширува...

preloader