Според една приказна коктелот Мохито е создаден во 16 век од пиратот сер Френсис Дрејк, кој го подготвувал со примитивна верзија на рум, шеќер, зелен лимон и нане. Коктелот направен од тие состојки се нарекувал „El draque“ или „Змејот“.
Во оргиналниот кубански рецепт се користи посебен вид нане (yerba buena) кое расте на островот.
Потребни состојки:
50ml бел рум
2 ч.л. шеќер
1 зелен лимон
10 ливчиња од нане
мраз
газирана вода
Ставете ги во чашата ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња.
Додајте го шеќерот и со помош на толчник започнете да ги гмечите состојките. Со тоа аромата од нането се меша со аромата од лимонот.
Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте го румот и газираната вода. Мешајте за да се раствори шеќерот.
Украсете со парче зелен лимон.