Коктели

Blood and Sand – класичен коктел со виски

Blood & Sand најверојатно, е именуван по филмот од 1922 година во кој глуми Рудолф Валентино, ѕвездата на немиот филм познат како „Латинскиот љубовник“, во кој се гледа подемот на младиот Теодор од сиромаштија до богатство и слава.

Потребни состојки:

20 ml виски

20 мл сок од портокал

20 ml ликер од цреша

20 мл црвен вермут

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во шејкер и добро промешајте.

Изладете ја чашата за коктел и истурете ја мешавина во неа.

Украсете со цреша или кора од портокал.