Предлози

Наш предлог за книга за на плажа- СВЕТЕЦОТ, СУРФЕРОТ И ДИРЕКТОРОТ

Книгите ја имаат таа моќ да ви овозможат совршено уживање, ментално патување и обогатување на духот.

 

Ако сте подготвени да го живеете својот НАЈДОБАР ЖИВОТ сега, прочитајте ја оваа извонредна книга. Д-р Ричард Карлсон

 

На страниците на оваа извонредна книга ќе откриете практични а сепак моќни методи за пресоздавање на вашиот живот и одново поврзување со своето најдобро јас. Напишана како интересна и искрена приказна СВЕТЕЦОТ СУРФЕРОТ И ДИРЕКТОРОТ ви дава моќен спој на длабока мудрост и практични животни лекции што ќе ви помогнат да ја откриете својата судбина да ја живеете највисоката вистина како човечко суштество и да ја најдете постојаната среќа што ја барате.

Во овој револуционерен водич за живеење на својот живот на најавтентично ниво, ќе научите:

– како да ги разбудите вистинските дарби и силно да заблескате во светот

– како да ги претворите стравовите во слобода и раните во мудрост

– лекции што ќе ви помогнат да го усовршите умот, да го отворите срцето, и да го негувате духот

– едноставни методи за прекрасни врски исполнети со вистинска љубов

– начини за повторно воведување на авантурата, мистеријата и забавата во животот

– техники како да станете ѕвезда во кариерата и да привлечете богатство