Коктели

Освежителен летен коктел – White Russian

Сладок коктел кој секој треба да го проба.

White Russian по објавувањето на филмот „Големиот Лебовски“ стана омилен пијалок на сите.

 

СОСТОЈКИ

50ml      водка

25ml      ликер од кафе (Kahlua)

25ml      слатка павлака (хопла)

Мраз

 

Во шејкер со мраз налејте ја прво водката, потоа ликерот од кафе и на крајот додајте ја слатката павлака.

Растресете го шејкерот. Потребни ви се околу 15 секунди.

Прецедете ја течноста и налејте ја во чашата за коктелот.

Овој коктел се служи во обична ниска чаша.